Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструкцијата на објектот на месната заедница во Пинтија

Од:

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, денес изврши увид во градежните активности за целосна реконструкција на објектот на месната заедница во населбата Пинтија. Се работи за темелна реконструкција со која ќе се подобрат конструктивните и физички својства на постоечкиот објект, кој веќе подолг период е во лоша состојба. Со зафатот ќе се создаде современ, функционален и безбеден простор кој ќе им служи на жителите на Пинтија за реализација на активности од интерес за локалната заедница.

Средствата за реконструкцијата се обезбедени преку Владината програма за капитални проекти, финансирана од унгарскиот кредит.

Со овој увид градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска го означи почетокот на активностите од својата програма за работа, со која се предвидува динамична реализација на започнатите инфраструктурни зафати и иницирање на нови, кои се од суштинско значење за унапредување на животниот стандард во сите делови на општината.

-Пинтија е населба со долгогодишна традиција и активна заедница на граѓани кои заслужуваат современи и функционални услови за работа и комуникација. Овој објект има посебно значење за локалниот живот и затоа инвестираме во негова темелна реконструкција за да создадеме безбеден, енергетски ефикасен и уреден јавен простор. Ова е само почеток на реализацијата на сериозната програма што им ја понудивме на граѓаните, која ќе обезбеди континуитет во капиталните инвестиции и рамномерен развој на сите населени места во општина Кисела Вода-изјави градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК: До 18:30 излезеноста 44,57 отсто, гласале 7.241 избирачи