Општина Карпош воведува дополнителни мерки за превенција на коронавирусот

Од:

Освен веќе важечките препораки и протоколи кои ги донесе Министерството за здравство, односно Владата, Општината Карпош и градоначалникот Стефан Богоев изјавија дека ќе преземат дополнителни мерки за заштита на граѓаните.

Од утре, стапува во сила временото укинување на приемните денови во секторите за урбанизам, инспекторат, финансии и даночното одделение, како и во делот  за социјала, во состав на Секторот за јавни дејности, сé со цел да се превенира понатамошно, евентуално ширење на вирусот.

„Како дополнителен механизам, Богоев ја нагласи теренската кампања која стартува од утре во сите урбани и месни заедници, во рамки на која ќе се истакнат телефонските броеви, мејл адресите и контакт личностите од сите  споменати сектори и одделенија со кои ќе може да комуницираат жителите на Карпош. Таа се воведува со цел да не застане целосно работата на локалната власт, туку работите и натаму да може да се вршат, но, со што поголемо избегнување на физички контакт, за да не дојде до целосно блокирање на општинските активности“, изјави Богоев.

Од утре паралелно ќе се спроведе информативна теренска кампања за сите препораки, насоки и задолженија кои вчера ги изнесе министерот за здравство, а се однесуваат на тоа како секој граѓанин да се заштити себе и да ги заштити оние околу него од опасноста од зараза и пренесување на корона вирусот.

Службите кои се грижат за хигиената во општината добиле 100 литри дополнителни количини на дезинфекциони средства и средства за заштита при работа.

Богоев информираше дека продолжува миењето на улиците и јавните површини во две смени, а по потреба ќе се мијат и во трета смена на цела територија на локалната самоуправа. Истовремено, Градот, ги дезинфицира контејнерите за ѓубре и просторот околу нив, како потенцијални места за ширење зарази, ги информираше советниците градоначалникот на Карпош.

 

Би можело да ве интересира

Општина Карпош демантира дека издала одборение за забавниот парк кај „Борис Трајковски“

ВИДЕО: „Дивиот“ забавен парк кај „Борис Трајковски“ ќе биде отстранет

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Богоев: Преку ефективни реформски политики до поголеми инвестиции и производство со поголема додадена вредност

Горан Наумовски

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

Левица: Почнува изградбата на спорната 17-катница во непосредна близина на болницата „8 септември“

Катерина Ѓуровски