Судот одлучува дали ќе има ефективен притвор за Стефан Богоев и тројцата осомничени за злоупотреби во Царината

Од:

„Досегашните сомневања ни налагаат да побараме притвор, иако е најстрога мерка, но е оправдано пропорционална. Обвинителството размислува и за одлука за гаранции. Истрагата продолжува. Во овој момент се плашиме и од бегство на осомничените, но и од влијание кон постапката. Се надеваме дека судот ќе ги прифати нашите барања за ефективен притвор, понудивме аргументи. Основаното сомневање се однесува засега на овие лица“ изјави доцна попладнево од пред скопскиот Кривичен суд обвинителката Искра Хаџи Василева кој е застапник на обвинителниот предлог во истражната постапка против четири лица – директор и помошник директор на Царинската управа, управител на правен субјект и вработен во истиот субјект.

Покрај Стефан Богоев како екс директор на Царината, во истрагата што денеска ја отвори ОЈО ГОКК, опфатени се и поранешен помошник-директор на Царината, управител на фирма и вработен во неа.

За сите четворица осомничени надлежниот јавен обвинител бара судот да им определи мерка притвор.

Според обезбедените докази, од ОЈО велат дека Богоев примил награда во износ од 111.600 денари, односно 1.800 евра за искористување на својата службена положба и реално влијание во врска со тендерската постапка.

Би можело да ве интересира

Стефан Богоев со гаранција од 55.000 евра излегува од притвор

А1он

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Дали Богоев местел тендери додека ја водел Царинската управа?

Горан Наумовски

Кривичен: Обвинителство се уште нема одговорено по жалбата за притворот на Стефан Богоев, по комплетирање предметот ќе биде доставен на одлучување

Стефан Богоев и останатите осомничени за злоупотреби во Царината одат 30 дена во притвор

А1он

ОЈО бара притвор за Богоев, осомничен е дека примил мито од над 111.000 денари

А1он

Мицкоски: Во акцијата на Финансиската полиција опфатени поранешен прв човек на Царина, неколку вработени и еден „посредник“