Општина Карпош: Преземаме активности за безбеден прием во градинките

Од:

Општина Карпош соопшти дека ги презема последните активности за безбеден прием на децата во градинките.

Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, денеска одржа состанок со директорките на градинките „Мајски цвет”, „Орце Николов”, „Распеана младост” и „Пролет”.

Констатирано е, како што се посочува, дека во сите градинки заврши процесот на дезинфекција, дезинсекција и дератизација на занималните, кујните, тоалетите и канцелариите.

Приемот во секој објект на предучилишна установа ќе се одвива согласно донесениот Протокол, со зголемени контроли и надзор, потенцираат од општината и ги повикуваат сите чинители, родители, воспитниот кадар и управите на градинките да бидат уште поодговорни и потолерантни овој период, со повторното отворање на детските установи.

Општина Карпош продолжува да биде партнер и поддржувач во креирањето на подобри услови во предучилишното образование, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Се градат 11 градинки со капацитет за 1.100 дечиња, вели премиерот Мицкоски

СДСМ: Нула нови градинки за 4 години во Аеродром, околу 700 деца чекаат за запишување секоја година

(ВИДЕО) Јакимовски: „Мајски цвет“ ќе се урива, на нејзино место ќе се гради нова и модерна градинка

Општина Карпош: Не можеме да се изначудиме како ВМРО-ДПМНЕ го укина „Член 62 а“ од Законот за градба

Одржувањето на хигиената во Карпош голем проблем за граѓаните

(ВИДЕО) Сите основни училишта во Карпош добиваат фотоволтаични системи