Општина Карпош објави листа на продавници, маркети и аптеки кои ќе работат викендот

Од:

Општина Карпош издаде повеќе известувања за определување за работа за време на полициски час, сабота и недела, на субјекти кои се занимаваат со достава на храна и лекови на територија на Карпош. Имено, издадени се известувања на повеќе локални продавници, маркети, ресторани и аптеки кои ќе вршат достава на продукти, а претходно аплицираа на Јавниот повик на локалната самоуправа.

Општина Карпош информираше дека преку урбаните заедници постави известувања на влезовите од згради, на неколку маалски продавници, маркет и аптеки кои ќе вршат достава на неопходни продукти за време на викендот.

За време на викендот ќе работат и други ресторани, локали кои ќе вршат пица достава и слично, но согласно укажувањата од институциите, Општината ги објавува локалите кои можат да обезбедат неопходни продукти за секое домаќинство.

МАРКЕТИ/ПРОДАВНИЦИ

• ВЕРО МАРКЕТ: 075-488-129 и 075-499-782 (врши достава)
• ДЕНИС ФРЕШ (ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК): 070 – 210 – 533 (врши достава)
• СТАРИ КОМЕРЦ (КОЛОНИЈАЛ): 071 – 575 – 414 (врши достава)
• ТАЦ МАЦ (КОЛОНИЈАЛ): 070 – 357 – 577 (врши достава)
• БАРДИ ТРЕЈД (реон Бардовци): 075 – 582 – 525

АПТЕКИ

• ЗЕГИН: 078 – 214 – 892 (врши достава)
• ЕУРОФАРМ: 02/ 55 14 580

Градоначалникот Стефан Богоев ги повика сите граѓани да ги почитуваат мерките, да останат дома и да не ја злоупотребуваат поддршката од маркетите и аптеките.

– Седете дома! Посветете време на вашите блиски, разговарајте и споделувајте убави моменти. Овие години се оттуѓивме од непосредната комуникација. Сега, можеме да бидеме со тие кои ги сакаме, но и да се поврземе преку социјалните мрежи со нашите пријатели. Само така ќе придонесеме овој период да трае пократко. Коронавирусот ќе помине. Но, треба и целата заедница да се промени. Да станеме посовесни и поодговорни граѓани и животот да го цениме постојано, а не само кога сме во неволја, изјави Богоев во видео обраќање.

Би можело да ве интересира

Вечерва стартува „Карпошово културно лето“

Опожарени се шест куќи во скопски Карпош, седум лица завршија во болница

32-годишен скопјанец пронајден мртов во семејниот дом

Прогласен e полициски час во центарот на Лос Анџелес

82-годишна жена е пронајдена почината во стан во скопски Карпош

Јакимовски: Само една зграда во Општина Карпош е онака како што бара законот