Општина Карпош не се откажува од постапката да се изгради 12-катница кај Кино Влае

Од:

Општина Карпош не се откажува од постапката за носење на Детален урбанистички план за населбата Влае 2 со кој е предвидена изградва на 12-катница.

Од иницијативата „Борба за Влае“ сметаат дека од Општина Карпош лажно се фали дека го намалил габаритот на спорната зграда, а граѓаните на синоќешната јавна презентација на ДУП-от прашуваа зошто градинка е нацртана на приватен имот, а државниот имот се распродава за зграда.

„Габаритот на зградата кај Кино Влае од 21.100 се намалува на 20.801 м2 вкупна површина на сите катови. Околу 300 м2 или за неверојатни 1.4%! Ако се одземе 300 метри квадратни од било која зграда тоа ќе биде помалку од пола спрат. И пак зградата ќе се гледа од врв на Водно од што ќе биде голема. Така да дечки, изјава дека сте скратиле 299м2 од 21.100 е несериозна, а дополнително и лажна. Зградата на Кино Влае не припаѓа во нашата населба, а посебно не во оваа џиновска форма.

Уште поважно е што парцелата на која мнозински сопственик е Аполо Инжењеринг претходно имала 19.724 м2 на сите катови, а сега има 20.801. Така да не е баш дека е скратено од зградата. Кратењето е од другата парцела, која претходно била 1.377 а сега е 944. Таа парцела е катната гаража што бидејќи е одвоена не ни мора да ја изгради за да ја изгради 12катницата.
Општина Карпош споредува две парцели (19.723+1.377) со една (20.801) и лажно се фали дека сега има намален габарит“, рекоа од „Борба за Влае“.

Регулацискиот план за овој дел од градот беше поништен со одлука на Советот на Град Скопје. Но, градоначалничката Арсовска ја обжали одлуката за поништување на планот пред Државниот градежен инспекторат кој донесе одлука дека не е важечка одлуката за поништување на планот и со тоа тој сè уште е важечки.

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

Левица: ДПМНЕ шверцерски протна две нови висококатници во Аеродром

Инцидент во Влае: Ученик нападнал наставници, кршел инвентар и истепал соученици

Горан Наумовски

Уставен суд ја укина Одлуката за суспензија од примена на ДУП во Општина Куманово

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Истражување: Дел од општините имаат неважечки Генерални урбанистички планови

A1on