Општина Карпош: Еднократна помош за лицата со попреченост

Од:

По повод одбележување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3 Декември, денеска, градоначалникот Стевчо Јакимовски во својот кабинет се сретна со тројца претставници од оваа социјална категорија на граѓани, кои воедно се жители на Карпош. На средбата присуствувaa и претставничките од Одделението за детска, социјална и здравствена заштита при Општина Карпош, кои традиционално го организираат овој настан.

Како што соопштија од Општина Карпош, на средбата станало збор за секојдневните проблеми со кои се соочуваат лицата со попреченост, како и за евентуалните решенија кои може да ги понуди локалната самоуправа за нив. Во таа насока, градоначалникот Стевчо Јакимовски напомена дека, 155 лица од Карпош кои влегуваат во оваа социјална група, ќе добијат еднократна парична помош од 3.000 денари, средства кои од својот Буџет за таа намена ги обезбедила Општината.

-Локалната самоуправа континуирано се грижи за своите сограѓани од оваа социјално ранлива категорија. Тоа досега го демонстрираше преку изградба на пристапни рампи, отворање на сензорни соби во основните училишта и инклузивни игралишта на неколку локации, обезбедување на социјални пакети со прехранбени производи, како и креирање на политики за помош на лицата со попреченост, велат од Општина Карпош.

Би можело да ве интересира

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ – неколку деца се хоспитализирани

А1он

55-годишен скопјанец е пронајден мртов во својот дом во Карпош

Горан Наумовски

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Маја Мојсова да каже – дали ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски во втор круг?

А1он