Општина Гостивар: Се чисти коритото на реката Јахорка во село Форино

Од:

Јавното претпријатие „Комуналец” деновиве спроведува акција за чистење на коритото на реката Јахорка во село Форино.

Коритото на реката беше загриженостакојажителите од селово му го презентираа на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари при неговата неодамнешна посета на Форино.

„За реализација на оваа акција ја ангажиравме нашта механизација и нашите вработени и сето оваго правиме со сопствени средства на претпријатието. Ова беше барање на локалните жители, за да се овозможи непречен проток на водата, но, исто така, и да се отстрани грозниот изглед на реката која тече низ селото”, вели директорот на претпријатието, Исак Лазами.

Жителите на село Форино, изразуваат благодарност за оваа брза интервенција од страна на градоначалникот на Гостивар за решавање на нивните проблеми.

Би можело да ве интересира

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

ЦЈЗ Тетово ја прекина состојбата на епидемија во Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски