Општина Дебрца иницира референдумско изјаснување на граѓаните за регионалната депонија

Од:

Општина Дебрца покренува иницијатива за распишување референдум на кој граѓаните би се изјасниле по однос предложеното решение за изградба на регионалната депонија за управување со отпадот во Југозападниот плански регион на нејзина територија.

Како што стои во образложението од Локалната самоуправа на Дебрца, новонастанатата ситуација произлегува од фактот што во законски предвидениот рок од 15 дена не е добиен одговор од ресорното Министерство за животна средина и просторно планирање по однос одлуката на Советот на општината со која како неприфатливо беше отфрлено предложеното решение за изградба на депонијата во атарот на селото Годивје.

Градоначалникот на Дебрца Игор Трајковски најави иницирање постапка за распишување референдум што би е одржал истовремено со претстојните локални избори предвидени за 15 октомври. Тој ги повика советниците независно политичката припадност уште еднаш да демонстрираат сплотеност и изразувајќи ја волјата на жителите на Дебрца да дадат целосна подршка на дадениот предлог за распишување референдум.

Советот на општината на Дебрца на 4-ти минатиот месец ја донесе Одлуката за отфрлање на предогот Дебрца да биде локацијата за изградба и работење на регионална депонија и други постројки за управување на отпад во Југозападниот плански регион.

Би можело да ве интересира

Во Шведска изби најголемиот еколошки скандал во последните 50 години, обвинети се 11 лица

Велес пред нова еко-катастрофа: Троската од Топилница полна со олово ќе се дроби и меле пред да се извезува

Орце Костов

Дрисла: МВР и ОЈО да ги пронајдат подметнувачите на пожарот во депонијата

(ВИДЕО) „Луѓето се исплашени, чадот е страшен, можно е да е канцероген“: Гори депонијата Дрисла

Орце Костов

Чадот и смрдеата од запалената депонија кај Волковија се шират до Тетово и Гостивар

Катерина Ѓуровски

Втор ден гори депонијата Буково, непријатна миризба се чувствува во Охрид

Орце Костов