Општина Чешиново Облешево подели 25 социјални пакети со храна на социјално загрозени семејства

Од:

По повод 17 март, Денот на формирање на Црвен крст и Денот на крводарителството во Република Македонија, во соработка со Општинската организација на Црвен крст – Кочани, Општина Чешиново-Облешево се вклучи во одбележувањето со неколку активности.

Градоначалникот Костадин Личков се сретна со делегација од крводарители и волонтери на Општинската организација на Црвен крст–Кочани, како и со повеќератни крводарители кои над 100 пати дарувале крв и спасиле живот, а кои потекнуваат од општина Чешиново Облешево.

Покажувајки ја својата хуманост на дело, општината организираше хуманитарна акција, односно обезбеди и подели 25 социјални пакети со храна на социјално загрозени семејства од повеке населени места во општината.

Со овој хуман гест се подигнува и јавната свест за грижа кон оваа група на граѓани. Општина Чешиново-Облешево и натаму ќе организира акции за помош и ќе им излегува во пресрет на овие семејства кои имаат потреба од помош.

Би можело да ве интересира

Ацт Македонија со повик за приклучување во хуманитарната акција

Одржан вториот Ласер ран, донирани средства за лекување на малиот Леонид

Семејството на Кико донираше половина милион денари за респиратор малиот Стефан

Катерина Ѓуровски

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Хуманитарна акција „Црвен тепих на хуманоста“ во 18 градови низ државата

Ана Ололовска

Хуманитарна акција за жителите од загрозените подрачја од пожарите

A1on