Општина Чаир купи возила за брза помош со парите од новогодишните украси

Од:

Наместо за новогодишни украси, Општина Чаир парите ги искористи да купи ново амбулантно возило за Здравствен дом – Скопје. Освен ова амбулантно возило, Општината донираше и возило за брза помош обезбедено од приватен донатор.

Се со цел како што кажаа, да има достапност до околните села на Скопје бидејќи има потреба од зајакнување на здравствените капацитети.

Министерот Филипче кој заедно со чаирскиот градоначалник Висар Ганиу присуствуваa на донирањето, вели дека во овој момент трае уште една процедура, а тоа е вградување на посебни инструменти за ГПС и камери во амбулантните возила.

Тој најави и дека годинава ќе пристигнат донираните возила од Кина кои требаше да пристигнат лани, но поради ковид-кризата се одложија.

Во земјава очигледен е недостатокот на амбулантни возила, за што зборува и постапката на директорот на струмичката болница кој преку Фејсбук упати апел за набавка на ново амбулатно возило, по што премиерот Заев донираше возило за брза помош.

На апелите на дел од граѓаните на Скопје до градоначалникот Петре Шилегов да ги донира парите наменети за новогодишно украсување, тој ги одби со образложение дека сака граѓаните да ги направи среќни за Нова година.

Би можело да ве интересира

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Венко Филипче е инсталација на БИА, како што се неговите луѓе фатени како соработници и шпиони?