Општина Центар во инспекциски надзор на „Брилијант“ и во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Денеска, општина Центар ќе изврши контрола на 2 градби кои се изведуваат на територија на општина Центар.

Во 10 часот, овластен градежен инспектор ќе ја контролира градбата каде инвеститор е „Брилијант“ од Штип, а во 11 часот, инспекциски надзор ќе се изврши на градбата која се изведува на улица Ѓуро Стругар ББ, чиј инвеститор е „Бетон“ од Скопје. Во овој објект, по завршувањето, треба да биде сместено седиштето на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Од инвеститорите, општина Центар бара да ја имаат комплетната документација за објектот, а за инспекцискиот надзор, општината до нив, достави уредно известување.

Претходно, Инспекцијата, при увидот на лице место, констатираше дека инвеститорот има ставено во функција дел од објектот, иако за тоа не се исполнети законските предуслови. Односно, објектот е во фаза на изградба и согласно Законот, БЕТОН не може да достави записник од надзорен орган со кој ќе побара технички прием и упис во Катастар. Попрецизно кажано, објектот нема употребна дозвола.

Од увидот, инспекцијата констатираше дека над влезот на објектот на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ има балкони и покриен дел, иако градежната маркица завршува со објектот.

Инвеститорот немал законско право градбата да ја прошири над делот кој е сопственост на Република Македонија. Според увидот, објектот излегува од границите на градежната парцела и зафаќа дел од имот на Р.М.

Инвеститорот се обиде да објасни дека од град Скопје добил дозвола за поставување урбана опрема на јавна површина, но овој дел не може да влезе во категоријата на урбана опрема.

Би можело да ве интересира

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Со капитални инвестиции и реформи ја зајакнуваме енергетската стабилност на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот ќе биде насочен кон развојни проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Горан Наумовски