Центар ќе ја урива „дивата“ тераса на објектот на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„По предлог на овластениот градежен инспектор на општина Центар, градоначалникот на општината го поништи решението во тек на градба за седиштето за објектот на ул. „Ѓуро Стругар“ ББ, во кој едниот дел е наменет за деловни дејности, а другиот е хотелски комплекс. Објектот за деловни дејности е, всушност, седиштето на партијата ВМРО-ДПМНЕ. По одлуката на градоначалникот, ќе следува решение за отстранување на диво-изградената тераса.

Решението, издадено од Секторот за урбанизам на општина Центар, е врз основа на соодветното решение на Град Скопје, кој дозволил инвеститорот ДГ „Бетон“ да отпочне со изведување на градбата во чиј склоп, како што се наведува, е и настрешница во функција на објектот.

Градежна инспекција на општина Центар излезе на лице место и направи увид, при што е констатирано дека не се работи за настрешница, туку за тераса која е изградена без одобрение. И од проектот на “Бетон“ се гледа дека се работи за тераса, бидејќи на проектот е нацртан човек кој се движи по терасата и влез од терасата кон внатрешноста на објектот.

Инспекцијата на општина Центар констатираше дека објектот на ул. „Ѓуро Стругар“ ББ е пуштен во употреба, без претходно издадена употребна дозвола“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Во прилог се скеновите од скиците од идејното решение.

Scan - balkon (1) Scan - balkon (2)

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Хасан: Бетон Герасимовски го допре дното, ја преименува ,,Феникс“ и не додели награди на лица кои комисијата ги избра за добитници

Предраг Петровиќ

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски