Општина Центар по 12 години сама ќе одлучува за летните тераси, Градот ѝ ги предаде надлежностите

Од:

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ го потпиша договорот со Град Скопје за преземање на овластувањата и обврските за издавање одобренија за поставување урбана опрема на територијата на Општина Центар.

„Во јуни 2009 година Општина Центар потпишала договор за отстапување на ингеренциите на Град Скопје да врши овластување и издавање дозволи за поставување урбана опрема во Дебар Маало, Парк и Мал Ринг. По одржаните состаноци со Град Скопје, заеднички одлучивме ингеренциите да се вратат на Општина Центар, бидејќи за истите општината врши контрола и инспекциски надзор“, изјави градоначалникот Богдановиќ.

Општина Центар има подготвено сопствена програма и план за начинот на кој ќе биде поставена урбаната опрема на територијата на Општина Центар, а со потпишување на договорот со Град Скопје, формално-правно се враќаат ингеренциите во надлежност на Општина Центар.

„Ова е голем успех за Општина Центар бидејќи конечно ингеренции што претходно биле дадени или одземени, сега се враќаат под контрола на Општина Центар, а во наредниот период продолжуваме да работиме на програми и планови за преземање на урбаната опрема и на други локации, согласно останатите детални урбанистички планови во Општина Центар“, изјави Богдановиќ.

Општина Центар ја известува јавноста дека овластен градежен инспектор по службена должност направил увид во два објекти, кадешто се утвдени неправилности во работењето, согласно Законот за градење. Секторот за инспекциски надзор издаде Решение за отстранување за инвеститорот Кафе бар-Макка со седиште на булеварот „Климент Охридски“ бб и за инвеститорот Ди Лума Груп Дооел-Скопје со седиште на улица „Аминта Трети“ бр.38. Доколку во наредниот период нелегалните градби не бидат отстранети, Општина Центар ќе пристапи кон присилно административно извршување.

Според Буџетот на Општина Центар за 2021 година планирани се 12 милиони денари за рушење на бесправно изградени објекти во Центар.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Град Скопје: Вработените во ЈСП Скопје без плата, а граѓаните на Скопје без превоз

Левица: Итна седница на Советот на Град Скопје, Трудот на работниците во „Флораком“ и „Луна“ мора да биде исплатен

А1он