Општина Центар комплетно ја реконструираше улица „Партизанска“

Од:

Општина Центар ја заврши реконструкцијата на улица „Партизанска“, која се наоѓа зад “Неуромедика” на бул. “Партизански одреди”.

Оваа улица никогаш немала атмосферска канализација, коловозот беше во исклучително лоша состојба, а каблите на операторите висеа над улицата и по тротоарите.

Проблемите се зголемија и со изградбата на нови згради, кои не биле инфраструктурно покриени. И при најмалите дождови, водата се собираше во дупките.

Жителите на овој дел на Центар реагираа кај градоначалникот Андреј Жерновски и побараа конечно некој да им ги реши проблемите, информираат од општината.

Општина Центар изгради атмосферската канализација и го санираше коловозот во должина од 100 метри.
Каблите се вкопани под земја. На овој дел ќе биде поставена зелена жардињера, која ќе го разубави просторот
Новиот иглед на улица „Партизанска” е дел од акцијата на општина Центар “Нова пролет, нова офанзива“!
Следна улица за реконструкција во овој сегмент на Центар е вториот дел од ул “Наум Наумовски-Борче“, соопштуваат од Центар.

Би можело да ве интересира

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он