Опозицијата да покаже конструктивност за законот за ЈО, времето за политички игри веќе е поминато, порача Рикер

Од:

Помошникот државен секретар на САД Филип Рикер ја повика опозицијата да покаже конструктивност за законот за јавно обвинителство, со кој треба да се реши идниот статус на Специјалното јавно обвинителство и порача дека времето за политички игри веќе е поминато.

-Се радувам на можноста да се сретнам со опозицијата. Како и во секоја вистинска демократија улогата на опозицијата е клучна, но таа мора да биде и конструктивна. Времето за политичкли игри и за истакнување големи гестови, како и за играње со перспективите на граѓаните, веќе е поминато. Мојата порака е јасна – време е да се придвижат работите за доброто на земјата, рече Рикер на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

Северна Македонија, како што нагласи, се движи напред во исполнување на повеќедецениските цели во врска со евроатланските интеграции – да стане НАТО-сојузник и да ги почне преговорите за членство во Европската Унија.

Решавањето на прашањето во врска со законот за ЈО, според Рикер, е клучно за процесот, но и за граѓаните.

-Ова е нешто што граѓаните сакаат да го видат решено. Времето на задржување на ова прашање од страна на опозиција веќе треба да заврши и се надевам дека тие ќе имаат конструктивен пристап. САД сакаат да работат со сите политичките партии во Северна Македонија, но за да го направиме тоа како што кажаа претседателот Доналд Трамп и државниот секретар Мајк Помпео мора да видиме разумни напори, а законот за СЈО мора да се придвижи. Неговото усвојување сега, ќе значи дека тоа веќе нема да биде прашање и ЕУ ќе може да ги отвори пристапните преговори наесен. За ова има силна поддршка и од сојузниците во ЕУ. Затоа ја поттикнувам опоизицијата да се придвижи за да имаме уште поблескава иднина, истакна Филип Рикер.

Би можело да ве интересира

Средба Мицкоски – Рикер во Вашингтон, разговарале за предизвиците и поддршката за остварување на стратешките интереси

Во Охрид се собраа Рикер, Ципрас, Заев, Димитров…

Жарко Настоски

Рикер од Тирана ја потврди „силната поддршка“ на САД за борбата против корупцијата

Жарко Настоски

Рикер утре во Тирана, ќе се сретне со Рама и Баша

Жарко Настоски

Рикер: Северна Македонија има глас во најмоќната Алијанса, САД стојат покрај вас

Рикер: Членството на Северна Македонија во НАТО е огромен исчекор по историскиот Преспански договор

Жарко Настоски