Рикер: Членството на Северна Македонија во НАТО е огромен исчекор по историскиот Преспански договор

Од:

Го чествуваме фактот дека дури и во година на пандемија, успеавме да ја внесеме Северна Македонија во НАТО како 30-ta земја членка на Алијансата, изјави Филип Рикер, американскиот заменик државен секретар за Европа и Евроазија.

На денешното сослушување свикано од Хелсиншки комитет на САД по повод неодамнешниот Министерски состанок на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Рикер истакна дека со членството на нашата земја во НАТО „е направен огромен исчекор напред, после историскиот Договор од Преспа“, во 2018 година.

-Овој договор не само што покажа вистинско инспиративно лидерство на Северна Македонија и Грција, да се разрешат долготрајните прашања таму, исто така, беше пример за поддршката на дипломатијата на САД во тие напори, изјави Рикер.

Еден од резултатите на неодамнешниот Министерски совет на НАТО беше објавувањето на извештајот „НАТО-2030“, каде се истакнуваат препораки за идниот стратешки напредок на Алијансата.

-Во историјата, НАТО остана најеминентна глобална одбранбена алијанса. Годинава славиме 70 години од формирањето, и Алијансата се покажа прилагодлива на разни стратегии во справување со заканите, проширувајќи се во вистинското време, кажа Рикер.

Ротирачкото претседателство на ОБСЕ, организација во која членуват 57 земји, од следната година го преземa таканаречената „тројка“, прва ќе претседава Албанија, потоа Полска во 2022, и Северна Македонија ќе претседава во 2023 година, истакна Рикер.

Во своето обраќање тој потсети на фундаменталните основи врз кои почиваат ОБСЕ и Договорот од Хелсинки.

-А тоа е дека секоја земја членка е одговорна да се бори против дискриминацијата, да ги брани правата за слобода на говор на своите граѓани, а државните актери треба да работат со сите релеватни играчи, како политички, граѓански и верски лидери, за промоција на инклузивност и сојузништво, истакна тој.

Додаде дека тоа е мошне важно за САД, „како голема нација и како член на ОБСЕ, која е пример, и покрај тоа што нашиот Устав е заснован на формирање на посовршен сојуз, досега не сме декларирале дека сме стигнати дотаму, стремеж кон кој сме постојано фокусирани.“

Комитетот за безбедност и соработка во Европа, или Хелсиншки комитет, е независен комитет на американската Влада во кој членуваат истакнати политички лидери назначени од претседателот на американскиот Сенат и од спикерот на Претставничкиот дом. Сегашен претседавач е Алси Хејстингс од Флорида.

Би можело да ве интересира

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

Допис од НАТО покажува дека Ковачки бил одбиен за безбедносен сертификат, тој вели: Не сум бил одбиен, ниту сум го повлекол барањето

Александар Тодески

НАТО: Продолжуваме да ја поддржуваме Украина и да ја зајакнуваме одбраната, Русија е најголемата закана

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО