Амбасадата на САД на Твитер објави дел од писмото на Рикер до Заев

Од:

Американската Амбасада во земјава денеска на Твитер се огласи во врска со писмото, кое помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во Стејт Департментот Филип Рикер го испрати до премиерот Зоран Заев.

Рикер во писмото ја повтори поддршката на САД за евроинтегративните процеси на Северна Македонија, а до Скопје и членките на ЕУ ги охрабри решенија за билатералните прашања да бараат надвор од евроинтегративните процеси.

– Ве охрабруваме и вас и земјите од ЕУ да барате решение за билатералите прашања надвор од интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, објави американската Амбасада на својот твитер налог, дел од писмото на Рикер.

Тој во него меѓу другото ја охрабрува Северна Македонија да остварува прогрес во аспирациите кон ЕУ интегрирањето со отворање и затворање на поглавјата во преговорите и додава дека САД се оптимисти дека првата меѓувладината конференција со Република Северна Македонија за време на германското претседателство со ЕУ ќе се одржи наскоро.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?