Опожарен автомобил на поранешен пратеник

Од:

Триесетгодишниот кумановец А.Р. поради одмазда предизвикал пожар и го запалил автомобилот на поранешниот пратеник 42-годишниот М.Џ од Куманово.

Настанот, соопшти денеска СВР Куманово, се случил вчера, а кај нив телефонски бил пријавен во 01.40 часот утрово. По пријавувањето на пожарот на автомобилот „голф 6“, кумановската полиција презела мерки за расчистување на кривичното дело и дошла до сознание дека А.Р е можниот сторител, по што е лишен од слобода и извршен е разговор со него.

– Поради претходни расправии со М.Џ, вчера околу 01.30 часот на улицата „11 Октомври“ број 60 го забележал паркираниот автомобил голф 6 и поради одмазда решил да го запали, при што со бензин го испрскал предниот дел на хаубата, а потоа со запалка го запалил возилото,- стои во соопштението на СВР Куманово.

Од пожарот било зафатено и „пежо 206“, сопственост на Е.С, предизвикувајќи, се додава во соопштението, значителна опасност за животот на луѓето или имот од големи размери. Причинетата материјална штета е во ведност од 792.000 денари. Кумановските пожарникари го изгаснале пожарот.

Во тек е подготовка на кривична пријава за сторено кривично дело по член 288 од Кривичниот законик на Р.Македонија.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски