Опомена пред тужба од АЕК за ЈСП за донацијата за Панорамското тркало

Од:

Првиот човек на Агенцијата за електронски комуникации се’ уште не ги објавува периодичните шестмесечни извештаи за неговите патни трошоци, трошоци за репрезентација и слично. Ова го покажаа податоците од вториот периодичен извештај за транспарентноста на Агенцијата за електронски комуникации и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за периодот октомври – декември 2018 година во проектот за мониторинг на овие две регулаторни тела.

Според податоците кои беа презентирани, АЕК одлучила да достави опомена пред тужба до Јавното сообраќајно претпријатие, ЈСП Скопје, бидејќи претпријатието се’ уште не доставило финансиски извештај за донацијата за Панорамското тркало.

„Продолжувањето на рокот за изградба на антенскиот систем и отсуството на какви било информации за донираните средства, ја поткопуваат ефективноста за работата на АЕК”, пишува во наодите од извештајот.

Најмногу пари во годишниот буџет ќе бидат потрошени за платите. Бројката за оваа намена е поголема во споредба од лани за 20 %. Во просек, платите во АЕК се за речиси 60 % повисоки од просечната плата. Агенцијата за електронски комуникации планира да воведе политика за намалување на отсуството од работа. Ова, според извештајот, го отвора прашањето дали во АЕК има бројни неоправдани отсуства.

АВМУ за првпат предупреди за можен клиентелизам на еден радиодифузер кон власта. Во 2019 овој регулатор ќе спроведе три внатрешни ревизии фокусирани на јавните набавки, а планира да обезбеди поголема транспарентност на сопственичката структура на радиодифузерите.

Во проектот поддржан од Британската амбасада се вклучени Хелсиншкиот комитет, Транспарентност Македонија, Евротинк и НВО Инфоцентар.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Бесплатен јавен превоз за студентите ќе има, Владата донесе одлука да му префрли 120 милиони денари на ЈСП

Предраг Петровиќ

Албански државјанин ограбил две жени во автобус на ЈСП

Горан Наумовски

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Приватните превозници во Скопје повторно се исклучија од сообраќај

Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели

Нормализиран автобускиот сообраќај во Скопје, нафтата се испорачува сукцесивно