Опелот од „Монструм“ е на полициските алфи?

Од:

Диме Весков е сведокот кој денеска го предложија адвокатите на обвинетите во случајот „Монструм“. Тој е затвореник и во моментов е во затворот во Идризово, но тврдел дека знае детали на возилото Опел Омега кое беше пронајдено кон границата со Косово, а за кое полицијата тврди дека го користеле обвинетите при ликвидацијата и при напуштање на државата.

Адвокатите тврдат дека токму детали за сопственоста знае предложениот сведок. Неофицијално затвореникот има информации дека возилото е на полициската единица „Алфа“, односно го препознал на телевизија и му текнало дека токму со тоа возило тој бил приведен и пренесуван низ полициски станици.

Неизвесно е дали судот ќе го прифати Весков за сведок на одбраната, но со оглед на околностите сигурно ќе процени дека сведокот има што да каже.

Освен него рпедложен е и градоначалникот на Илинден, Жика Стојановски кој може да го потврди алибито на еден од обвинетите дека заедно биле на свечен настан. Денеска во судница сведочеа роднини и пријатели на Рами Сејди, еден од обвинетите кои му даваа алиби дека критичниот ден работел во механичарската работилница во Арачиново.

Процесот има уште сведоци за испрашување. А1 Он објави дека двајцата главни извршители кои се во притвор во Приштина е можно да ја одолговлекуваат екстрадицијата со барање за косовско државјанство, но и со судскиот процес кој им престои таму за нелегално поседување оружје.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски