Онколошките пациенти од Истокот нема да плаќаат 320 денари за патарини, најави Бочварски

Од:

Министерството за транспорт и врски е отворено да разговара со граѓани и Здруженија кои ќе побараат да се ослободат онколошките пациенти од Штип и источниот регион за плаќање на патарини до Скопје и во спротивен правец, истакна денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој одговараше на новинарско прашање дали постои можност онколошките пациенти да се ослободат од плаќање на патарини на автопатот Штип-Миладиновци.

– Секако, отворени сме да разговараме за сите овие прашања. Кога ќе стигне барањето од страна на заинтересираните граѓани или здруженија на граѓани од страна на одредени институции ќе го разгледаме и секогаш во минатото сме излегувале во пресрет, така и денеска ова прашање ќе биде темелно разгледано и можам да ве убедам дека државата ќе даде поддршка на сите оние граѓани на коишто им е потребна помош, бидејќи оваа Влада покажа веќе и денеска, но и во изминатиот период дека кога е тешко, кога има криза, кога има ковид криза, кога има енергетска криза е овде да им помогне на граѓаните, вели Бочварски.

Меѓу Скопје и Штип, на новиот автопат, има три патарини. За одење до Онкологија во Скопје и за враќање пациентите издвојуваат и по 320 денари за патарини.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бочварски до Николоски: Зошто стои реализацијата на брзата пруга?

Од патарина во првите девет месеци инкасирани 58,725 милиони евра

Вработени од Онкологија сведочеа како се набавувала и давала терапијата во времето на Васев и Нухи

Горан Наумовски

Одбраната на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев бара укинување на притворот

Рочиште за аферата „Онкологија“: После одреден период сопругата нагласи дека не ја чувствува повеќе терапијата

Во Кривичен денеска треба да продолжи судењето за „Онкологија“