О’Нил: Непристоен коментар на шефот на грчката дипломатија Коцијас

Од:

Непристоен е коментарот на шефот на грчката дипломатија Никос Коцијас, даден за грчките медиуми. Се согласувам, со него дека историјата не е затвор. Но, историјата, односно лажната историја, е затвор кој што последниве грчки влади го направија за себе и за грчкиот народ, изјави Робин О Нил, прв медијатор во грчко-македонскиот спор во новогодишното интервју за Програмата „Гласот на народот“.
 
– Коцијас вели дека не станува збор за иредентизам од грчка страна, и јас му верувам, но тој треба да знае подеднакво добро, дека не постои иредентизам ниту од страна на Република Македонија. Македонија повеќе пати тоа го потврди многу јасно, во повторените декларации дека нема никакви барања од таков вид кон Грција, појаснува О Нил.
 
Според него, последната изјава на Коцијас потврдува дека политиката на Грција не е воопшто променета во изминатите повеќе од дваесет години во врска со спорот покренат од страна на Атина околу името на Република Македонија, во голема мера, како што посочува, поради внатрешни политички причини во самата Грција.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска