ОМД: Уставот а не Охридскиот договор е темел на мултикултурна Македонија

Од:

Обединетата македонска дијаспора бара Советот на ЕУ конечно да одреди датум за почеток на преговорите за членство со Македонија.

„ Во последните четири години, ЕК секоја година потврдува дека Македонија ги исполнува сите критериуми за започнување на преговорите, и секоја година, поради чисто политички забелешки од нашиот јужен сосед, препораката е секогаш игнорирана од страна на шефовите на државите членки на советот на ЕУ. Освен ако ЕУ одлучи да се придржува кон сопствените правила и ако престанат да ги кршат принципите кои тие ги проповедаат на другите, оваа година најверојатно нема да биде различна од предходните“,  вели Стојан Николов, претседавачот на одборот на директори на ОМД.

Извештајот, велат, содржи и неколку контрадикторни изјави во врска со Охридскиот рамковен договор, кој се смета за „суштински елемент на демократијата и владеењето на правото во земјата“.

„Охридскиот рамковен договор не е темел на мултикултурна Македонија, туку македонскиот Устав е документот што гарантира еднакви права за сите македонски граѓани. Напротив, Охридскиот рамковен договор има спротивни ефекти врз демократијата во Македонија. ОМД верува дека сите македонски граѓани треба да уживаат еднакви права, според највисоките меѓународни стандарди“, изјави  претседателот на ОМД Методија Колоски

 

Би можело да ве интересира

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

A1on

Успешните од дијаспората да напишат мотивациско писмо зошто сакаат брза лента на аеродромите – Османи повторно дели МКарта

A1on

Македонската дијаспора од ЕУ во 2021 година во Македонија испратила 325 милиони евра

Горан Наумовски