ОМД: Успешноста е во обединувањето

Од:

 Обединетата македонска дијаспора (ОМД) на денот на одбележувањето на националниот празник Илинден ги потсетува, како што стои во соопштението, Македонците ширум светот дека Илинденското востание беше успешно во неговото обединување на луѓето. 

– Со чествувањето на Илинден денес, да се потсетиме дека Македонија беше основана со цел да обезбеди закрила за многу култури и религии и истовремено да биде светилник на демократијата. Илинденското востание ја симболизира истрајната борба на нашиот народ и жртвите кои се направени за да се обезбеди постоењето на слободна, суверена и независна Република Македонија, стои во соопштението од ОМД. 

Во време на политичката криза која ја притиска Македонија, како што наведуваат од ОМД, ние мора повторно да се обединиме со цел изградба на подобра Македонија, која ќе го издржи тестот на времето и ќе му покаже на светот дека целосна демократија не е само добра за Балканот туку истовремено е и најпрактична.

– ОМД е сигурна дека ако сите наши луѓе се обединат како што се обединиле на денешен ден пред 113 години, Македонија ќе стане држава каква што нејзините граѓани заслужуваат после сите нивни спорови и турбуленции. Ние ќе надминеме се и ќе продолжиме да ја развиваме Македонија како демократска и суверена држава за што илинденските револуционери се бореа пред 113 години, се наведува во соопштението од организацијата.

Би можело да ве интересира

ОМД бара Ескобар да се заложи за правата на Македонците во Бугарија

Конгресменката Слоткин се приклучи на групата за пријателство со С. Македонија во Конгресот

Ана Ололовска

Македонската дијаспора ѝ пиша писмо на Урсула вон дер Лајен: Отворете ги преговорите со Македонија

Жарко Настоски

ОМД бара од Бајден нов американски фокус за економски развој на Балканот и Македонија

Жарко Настоски

Обединета македонска дијаспора: Барањата на Бугарија се непристојни и неконструктивни

Жарко Настоски

ОМД е длабоко разочарана од одлуката за претворување на цариградската Света Софија во џамија

Ана Ололовска