ОМД со поддршка за имиграциската иницијатива на претседателот Обама

Од:

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) го поздрави планот на претседателот Барак Обама за реформи во имиграцискиот систем на САД и очекува Република Македонија наскоро да се приклучи на безвизниот режим на Соединетите Држави, кој на македонските граѓани би им овозможил престој во оваа држава до 90 дена.

– Уште од 1880-те, до денес Македонците имигрирале во САД во потрага по економски можности, како и за да уживаат во слободите што САД  ги нуди. Одамна е време за либерализирање на американскиот визен режим кон македонските граѓани. Севкупниот ефект би бил од заемна корист, како за Македонија, така и за САД, изјави претседателот на ОМД Методија Колоски.

ОМД, која ги претставува интересите на половина милион Американци со македонско потекло, учествуваше во форуми на Белата куќа и на разгворои со лица од Кабинетот на Обама на тема имиграциските реформи во САД.

Минатата недела во Лас Вегас, претседателот Обама одржа говор во кој предложи промени во имиграцискиот систем со кои ќе се олесни добивањето постојан престој или таканаречената зелена карта на студентите кои се образовани во САД во областите на науката, технологијата, инженерството и математиката.  Предложени се и визи за оние кои сакаат да започнат свој бизнис во САД, како и иницијативи за решавање на семејните случаи. ОМД верува дека овие иницијативи ќе и помогнат на економијата во САД.

Би можело да ве интересира

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

A1on

Успешните од дијаспората да напишат мотивациско писмо зошто сакаат брза лента на аеродромите – Османи повторно дели МКарта

A1on

Македонската дијаспора од ЕУ во 2021 година во Македонија испратила 325 милиони евра

Горан Наумовски