ОМД повикува на итно решавање на политичката криза

Од:

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) апелира политичките партии во Македонија под покровителство на претседателот да се заложат за итно решавање на политичката криза.

ОМД во усвоената резолуција повикува преку дијалог и договор на македонските партии да се формира стабилна влада, функционално Собрание и независен унитарен судски систем.

– Институциите да воспостават одлучна заштита на суверенитетот од секаков обид за мешање во внатрешните работи на државата. Политичарите преку почитување на Уставот да се оградат од било какви коалицирања кои можат да наштетат на националните државни интереси на Република Македонија, се наведува во резолуцијата.

ОМД повикува и на воздржаност на политичките лидери за одржување на билатерални брифирања со странски амбасадори за внатрешните состојби во државата, а во однос на политичката платформа на албанските партии бара да се отфрли со собраниска резолуција.

– Политичката платформа на партиите кои го претставуваат албанското малцинство, изготвена под покровителство на премиерот на Албанија, собраниски да се препознае како директно мешање во внатрешните работи на државата и да се отфрли со Собраниска резолуција, барајќи сите граѓани на Република Македонија да покажат лојалност кон државата, се вели во резолуцијата.

Претседателот Иванов, предлага ОМД, да побара прием во Европскиот парламент и Европската комисија и да информира за активностите што ги превземаат Албанија, Србија, Бугарија и Грција кон Република Македонија.

Во однос на македонските малцинства во соседните држави, ОМД бара да се воспостави редовна комуникација со нив, а во отсуство на пратеници од дијаспората, да се формира Министерство за дијаспора и парламентарна група во Македонското собрание за соработка со дијаспората преку кои дијаспората ќе може да поднесува инцијативи во собранието.

Пописот на населението, според ОМД, треба да се изврши согласно Еуростат најдоцна до крајот на 2018 година.

Од ОМД истакнуваат дека не работат за интересите на ниту една политичка партија во Македонија, туку за интересите на Македонија.

Би можело да ве интересира

ОМД бара Ескобар да се заложи за правата на Македонците во Бугарија

Конгресменката Слоткин се приклучи на групата за пријателство со С. Македонија во Конгресот

Ана Ололовска

Македонската дијаспора ѝ пиша писмо на Урсула вон дер Лајен: Отворете ги преговорите со Македонија

Жарко Настоски

ОМД бара од Бајден нов американски фокус за економски развој на Балканот и Македонија

Жарко Настоски

Обединета македонска дијаспора: Барањата на Бугарија се непристојни и неконструктивни

Жарко Настоски

ОМД е длабоко разочарана од одлуката за претворување на цариградската Света Софија во џамија

Ана Ололовска