ОМД отвори ограноци во Германија и Холандија

Од:

Водечката организација на Македонците во светот, Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги проширува своите активности со назначувањето на свои претставници за Холандија и Германија во рамки на напорите да и помогне на Република Македонија за членство во ЕУ.

Како што соопшти ОМД, Филип Алтипармаковски ќе биде нивен претставник во Холандија, а во Германија Игор Данајловски во Дизелдорф  и Гоце Пероски во Штутгарт. Времено, Алтипармаковски ќе ја преставува ОМД и во седиштето на ЕУ, во Брисел, се додека не биде назначи директен преставник.

– Во Германија и Холандија живеат над 130.000 Македонци. Македонските заедници во овие земји одиграа клучна улога во зачувување на македонскиот идентитет и во вековната борба за независност на Македонија, изјави претседавачот на Одборот на ОМД Стојан Николов по едногласното одобрување на преставниците од страна на Одборот на директори на ОМД.

Именувањето на овие млади ентузијасти е првиот чекор кон официјалното отварање на канцеларија на ОМД во Европа. Тие ќе се приклучат на веќе постоечките европски претставници во Австрија, Франција, Грција, Русија и Велика Британија. Од 18 до 21 февруари, претседателот на ОМД Методија Колоски ќе предводи делегација составена од европските преставници на организацијата во Брисел, каде ќе одржи средби со креаторите на политиката на ЕУ, како и властите одговорни за човековита права, правата на малцинствата, како и со прашањата за меѓународните верски слободи.

Би можело да ве интересира

Дијаспората лани испратила во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП

ВЛЕН: ДУИ продолжува да молчи, со каков договор наредија бришење на дијаспората од пописот?

Горан Наумовски

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

A1on