ОМД: Обновена Конгресната група за пријатели на Македонија во САД

Од:

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) информира дека синоќа конгресмените Дејв Трот (Републиканец од Мичиген), Брендан Бојл (Демократ од Пенцилванија) и Стив Стајверз (Републиканец од Охајо) ја обновија Конгресната група на пријатели за Македонија и Македонските-Американци за 115. конгрес.

– Македонија е витален партнер во унапредувањето на американската национална безбедност во целиот свет. Покрај тоа, македонската дијаспора во САД е витален дел од нашата заедница и придонесува во разновидност и унапредување на целата наша нација. Ние сме горди на обновата на Македонската група за 115-тиот конгрес, која има за цел да ги нагласи прашањата кои влијаат на македонско-американската заедница и едукација на нашите колеги за важната улога на Македонија и македонската дијаспора во проследувањето на американските интереси, се наведува во соопштението од конгресмените Трот, Бојл и Стајверз.

Конгресмените Дејв Трот, Брендан Бојл и Стив Стајверз ќе служат како копретседавачи на Конгресната група во која членуваат моментално 31 конгресмен.

Би можело да ве интересира

ОМД бара Ескобар да се заложи за правата на Македонците во Бугарија

Конгресменката Слоткин се приклучи на групата за пријателство со С. Македонија во Конгресот

Ана Ололовска

Македонската дијаспора ѝ пиша писмо на Урсула вон дер Лајен: Отворете ги преговорите со Македонија

Жарко Настоски

Обединета македонска дијаспора: Барањата на Бугарија се непристојни и неконструктивни

Жарко Настоски

ОМД стана партнер на Бирото за попис на САД во тековниот попис на населението

А1он

ОМД бара одложување на изборите поради коронавирусот

Ана Ололовска