ОМД: Конгресмени испратија писмо до Столтенберг за Македонија

Од:

Обединета Македонија Дијаспора (ОМД) информира дека 11 конгресмени, предводени од Конгресменот Џим Бенкс од Индијана, каде има голема македонско-американска заедница, испратија писмо од Генералниот Секретар на НАТО Јан Столтенберг со барање покана за полноправно членство на Македонија во НАТО – клучно за Американските интереси во Балканот како и за Алијансата. Конгресмените се членови на Конгресната група за Македонија и Македонско-Американци основана во 2011 година во соработка со ОМД.

Почитуван Јан Столтенберг,
Генерален Секретар на НАТО

Од основањето на дипломатските односи во 1995, Соединетите Американски Држави ја поддржуваат Македонија во нејзината аспирација за полноправна интеграција во Евро-Атлантските институции, при што остануваат верен партнер кој ја помага Македонија во јакнење на нејзините демократски капацитети. За една мултикултурна нација каква што е Македонија, веруваме дека пред себе има светла иднина, на кој основ се стремиме кон ангажирање на владините институции и Македонскиот народ во реализација на своите потенцијали. Ние веруваме дека е време за Македонија да се приклучи кон членството на НАТО.

Заедно со нашите партнери во Извршната Гранка, ние во Конгресот внимателно ја следевме политичката и дипломатска состојба на Македонија. Како што Македонија се движи на патот кон постабилна иднина, ние гледаме огромена можност за понатамошна промоција на нашите взаемни односи клучни за Балканот. Затоа, ние особено сме охрабрени од надежта на прогресот низ разговорите под покровителство на ОН, како и од подготвеноста на Македонските и Грчките лидери да ги унапредад своите односи.

Соединетите Американски Држави демонстрираа голема вредност во своите односи со Македонија. Со клучниот институционален напредок во своите способности и капацитети, Македонија ја зголемува својата подготвеност да стане полноправна членка на НАТО. Воедно, Македонија покажа подготвеност и преку своето учество во НАТО операциите во Косово и Афганистан, како и со тоа што застана на наша страна во случајот со Ирак. Како што НАТО прогресира во растечка и комплексна средина конкурентна на Русија, така и потребата Македонија да биде примена во нашата клучна алијанса е несомнена.

Со ова на ум, ние силно ве охрабруваме да ја поканата Македонија за членство во Алијансата. Таквиот одлучувачки чекор, не само што е од интерес за Алијансата, туку е и од интерес на нашата перспектива против Руската агресија.

Искрено,

11 конгресмени пријатели на Македонија

Би можело да ве интересира

Марк Руте: Мораме да им обезбедиме на Украинците сè за да ја продолжат борбата

А1он

Руте ѝ се заканува на Москва: Нападот врз Сувалкискиот коридор ќе предизвика остар одговор на НАТО

Медведев: Распадот на НАТО би бил корисен за целата планета

Маслеников: НАТО се подготвува за можен конфликт

„Продолжете да сонувате“: Шефот на НАТО вели дека Европа не може да се одбрани без помош од САД, особено од нуклеарен напад

Предраг Петровиќ

Фредериксен: НАТО нема мандат да преговара во име на Данска и Гренланд и за нашите односи

Горан Наумовски