ОМД ќе ги одликува австралиските пратеници Џонс и Симпкинс

Од:

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ќе им ја додели „ОМД наградата за пријателство со Македонија“ на ко-претседавачите со австралиско-македонската парламентарна група на пријатели – Стивен Џонс, пратеник од Тросби и Лук Симпкинс, патеник од Коуан.

Наградата, како што соопшти ОМД, ќе им биде врачена на годинашната гала прослава што ќе се одржи во Сиднеј на 5 јули, а воведниот говор ќе го одржи министерот за надворешни работи на Австралија, Боб Кар.

– Џонс и Симпкинс неуморно работат кон зајакнување на пријателските односи помеѓу Австралија и Македонија. ОМД е строго убедена дека австралиско-македонската заедница се здобила со посветени пријатели и пободници за еднакви човекови права за Македонците. Двајцата парламентарци неуморно и во неколку наврати ја повикуваа австралиската влада да донесе правилна одлука и да ја признае Македонија под нејзиното уставно име. Воедно, ОМД се надева дека Австралија наскоро ќе престане со ваквата дискриминаторска политика и нема да ја именува Македонија со ниедно друго име освен со уставното, соопшти ОМД.

ОМД наградата за пријателство со Македонија им се доделува на личности кои се докажале како долготрајни пријатели на Македонија и глобалната македонска заедница. Дел од претходните добитници се иминистерот за државјанство, имиграција и мултикултурализам на Канада, Џејсон Кени, генералот-мајор Мајкл Дуби, конгресменката Кендис Милер, конгресменот Бил Паскрел, проф. Виктор Фридман, Џејсон Мико, итн.

Австралиско-македонската парламетнарна група на пријатели, која брои повеќе од 20 членови, има за цел промоција на поблизок, поквалитетен и посуштински однос помеѓу Македонија и нејзината дијаспора во Австралија, преку иновативни и високо импактни политики, програми, проекти и настани кои доведуваат до подобри социјални, економски и еколошки резултати за сите клучни заинтересирани страни.

Би можело да ве интересира

ОМД бара Ескобар да се заложи за правата на Македонците во Бугарија

Конгресменката Слоткин се приклучи на групата за пријателство со С. Македонија во Конгресот

Ана Ололовска

Македонската дијаспора ѝ пиша писмо на Урсула вон дер Лајен: Отворете ги преговорите со Македонија

Жарко Настоски

ОМД бара од Бајден нов американски фокус за економски развој на Балканот и Македонија

Жарко Настоски

Обединета македонска дијаспора: Барањата на Бугарија се непристојни и неконструктивни

Жарко Настоски

ОМД е длабоко разочарана од одлуката за претворување на цариградската Света Софија во џамија

Ана Ололовска