ОМД ја поддржува кандидатурата на Керим за генерален секретар на ОН

Од:

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) денеска објави дека го подджува кандидатот на Република Македонија за позицијата генерален секретар на Обединетите нации (ОН) Срѓан Керим.

– Низ годините, ОМД има одлично пријателство и партнерство со Срѓан Керим, особено во текот на неговиот мандат во ОН. Керим е исклучителен лидер во делот на прашањата за човекови права и климатските промени и е еден од најеминентните македонски јавни личности, истакна коосновачот и претседател на ОМД, Методија Колоски.

Срѓан Керим е првиот добитник на UMD Macedonian Heritage Public Service Award на првата Глобална конференција на ОМД во Вашингтон во 2009 година, а исто така имаше свое обраќање на отварањето на четвртата Глобална конференција на ОМД во Скопје во 2013 година.

– ОМД е убедена дека сите глобални организации од областа на дијаспората кои имаат професионални контакти со телата при ОН, ќе пронајдат во Срѓан Керим пријател и поборник на продлабочувањето на соработката на цивилното општество со ОН, и заради тоа ги охрабрува да ја поддржат неговата кандидатура, порачуваат од Обединетата македонска дијаспора.
Срѓан Керим  беше и претседател на 62-то Генерално собрание на ОН (2007-2008) и македонски министер за надворешни работи (2000-2001).

Би можело да ве интересира

ОМД бара Ескобар да се заложи за правата на Македонците во Бугарија

Конгресменката Слоткин се приклучи на групата за пријателство со С. Македонија во Конгресот

Ана Ололовска

Македонската дијаспора ѝ пиша писмо на Урсула вон дер Лајен: Отворете ги преговорите со Македонија

Жарко Настоски

ОМД бара од Бајден нов американски фокус за економски развој на Балканот и Македонија

Жарко Настоски

Обединета македонска дијаспора: Барањата на Бугарија се непристојни и неконструктивни

Жарко Настоски

ОМД е длабоко разочарана од одлуката за претворување на цариградската Света Софија во џамија

Ана Ололовска