„Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) е незадоволна од Резолуцијата на Сенатот број.602, представена вчера од страна на Сенаторот на Конектикат Крис Марфи и Сенаторот на Висконсен Рон Џонсон, која е навредлива за македонскиот народ и спротивна на долгогодишните принципи и политики на САД во поддршка на националното право на самоопределување.
Македонските Американци и сите пријатели на Македонија можат да испратат писмо до нивните Сенатори со барање за поништување на Резолуцијата на Сенатот со број 602 на следниот ЛИНК.
Над 95% од македонските испитаници на неодамнешната анкета спроведена од страна на ОМД, покажа дека македонскиот народ е недвосмислено против промената на македонското име и идентитет по цена на интеграција на земјата во ЕУ и НАТО. Оваа позиција на зачувување на македонското име и идентитет, ја застапува Претседателот на Република Македонија Др. Ѓорѓе Иванов, кој го смета договорот за неуставен и спротивен на волјата на македонскиот народ.
Резолуцијата на Сенатот со број 602 го карактеризира секој опонент на договорот за про-руски активист. Не само што тоа е неосновано, туку и апсурдно, особено тоа што во резолуција се тврди дека Македонија историски негува про-американски став без руски имликации. Со своите неосновани аргументи кои можат до доведат до поголема нестабилност, ОМД смета дека ваквата резолуција е штетна за американскиот углед.
САД ја призна Република Македонија под своето уставно име заедно со 137 други земји. Следствено, поддршката изразена преку Резолуцијата на Сенатот со број 602 за референдумот и уставните амандмани, е спротивна на долгогодишните надворешни политики на САД градени на основ на правото за самоопределување. Исто така, Резолуцијата на Сенатот број 602 се противи на Резолуцијата на ОН број 817 и Привремената Спогодба на ОН од 1995, во посредништво и континуирана поддршка од САД.
Резолуцијата на Сенатот 602 тврди дека промената на името на државата би овозможило Македонија да стане земја-членка на НАТО и ЕУ, што всушност не е загарантирано со договорот. Доколку Македонија би го променила своето име, договорот не нуди гаранција за полноправно членство во НАТО Алијансата. Успешноста на договорот не само што зависи од успешноста на референдумот во Македонија и спроведување на уставните промени во земјата, туку и од успешната ратификација во грчкиот Парламент (каде што владее подеднакво незадоволство) и ратификацијата од страна на сите членки на НАТО. Во прилог, големата аверзија за проширување на членството на ЕУ во наредната декада, додатно ја ревитализира можноста Македонија да стане нејзина следна земја членка.
Поради штетноста по основ на американско-македонското партнерство и репутацијата на САД како лојален партнер на земјите од Источна Европа и ширум светот, ОМД го повикува американскиот Сенат да ја оспори Резолуцијата на Сенатот со број 602“, се вели во соопштението на Обединетата Македонска Дијаспора.