ОМД: Групата на пријатели на Македонија во американскиот Конгрес се прошири на 27 члена

Од:

Конгресменот Алекс Муни (Републиканец од Западна Вирџинија), конгресменот Ренди Вебер (Републиканец од Тексас) и конгресменот Тед Лу (Демократ од Калифорнија), се новите тројца членови на Групата на пријатели на Mакедонија и на Македонците во САД, информира денеска Обединетата македонска дијаспора (ОМД). 

Посакувајќи им добредојде на тројцата нови членови од ОМД посочуваат дека Групата на пријатели на Македонија сега брои 27 членови, што е највисок број досега од нејзиното основање од страна на конгресменката Кендис Милер од Мичиген во 2011 година. Овие 27 членови доаѓаат од 15 различни американски сојузни држави, додека петнаесетмина од нив се од Републиканската партија, а дванаесетмина од Демократската партија.

Во историјата на Конгресот, се подвлекува во соопштението од ОМД, досега не постоела група за пријатели со Македонија – ова е исто така добар сигнал затоа што уставното име Македонија се користи првпат во историјата на Конгресот. 
– Им благодариме на конгресмените Муни, Вебер и Лу за нивното пријателство пред се со македонската заедница во САД, а потоа и за нивното залагање за цврсти односи меѓу САД и Македонија, изјави претседателот на ОМД, Методија А. Колоски.
Конгресменот Муни ја застапува втората изборна единица во Западна Вирџинија. Избран во 2014 година, Муни го пренесе во американскиот Конгрес своето искуство од државниот Сенат на Мериленд. Воедно е член и на влијателните конгресни комисии за природни ресурси и за државниот буџет.

Конгресменот Вебер, кој ја застапува 14. изборна единица во Тексас, беше избран во 2013. Претходно конгресменот Вебер водел помали бизниси и бил член на локалната самоуправа во Тексас. Воедно е член и на конгресната комисија за наука, технологија и за вселената, како и на поткомисијата за Европа при конгресната комисија за меѓународни односи.

Конгресменот Лу ја застапува 33.изборна единица во Калифорнија. Пред да биде избран во 2015, работел во локалната самоуправа на Калифорнија. Воедно е и полковник во воздушните сили на САД, откако претходно бил воен обвинител и командант. Член е и на конгресната комисија за државниот буџет, како и на онаа за надзор и владини реформи.

– ОМД ја охрабрува македонската заедница во САД да продолжи да работи напорно кон продлабочување на односите помеѓу Македонија и САД. Само така можеме да бидеме сигурни дека нашиот глас ќе биде присутен во сите слоеви на американското општество, стои во соопштението од ОМД.

Би можело да ве интересира

ОМД бара Ескобар да се заложи за правата на Македонците во Бугарија

Конгресменката Слоткин се приклучи на групата за пријателство со С. Македонија во Конгресот

Ана Ололовска

Македонската дијаспора ѝ пиша писмо на Урсула вон дер Лајен: Отворете ги преговорите со Македонија

Жарко Настоски

ОМД бара од Бајден нов американски фокус за економски развој на Балканот и Македонија

Жарко Настоски

Обединета македонска дијаспора: Барањата на Бугарија се непристојни и неконструктивни

Жарко Настоски

ОМД е длабоко разочарана од одлуката за претворување на цариградската Света Софија во џамија

Ана Ололовска