Обединетата македонска дијаспора (ОМД) им се заблагодарува на унгарскиот премиер Виктор Орбан, неговата влада и на сите Унгарци ширум светот за признавањето на Македонија под уставно име и за нивната континуирана поддршка и пријателство.
– Со оваа одлука унгарската влада уште еднаш го потврдува силното и искреното пријателство на Македонија и Унгарија. Унгарија е голем пријател и стратешки партнер на Македонија, и ние сме среќни и горди што одлучи формално да го признае уставното име на Макеоднија, вклучувајќи ги сите билатерални комуникации. Ние ќе продолжиме да работиме на унапредувањето на унгарско-македонските односи, изјави претседателот на ОМД Методија А. Колоски.
Нагласи дека Унгарија е 134-та земја што ја призна Македонија под нејзиното уставно име е Унгарија и ја поздрави работата на македонскиот амбасадор во Унгарија Дарко Ангелов и на неговиот тим во Будимпешта.
Повеќето членови на македонската заедница во Унгарија, посочи, имаат потекло од Егејска Макеоднија, а мнозинство од нив се македонски деца бегалци кои пребегале за време на грчката граѓанска војна, како и нивните потомци.