ОМД: Да не се заборави минатото

Од:

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) и сите Македонци ширум светот ја одбележаа 100-годишнината од почетокот на Првата балканска војна, 8 октомври 1912 година. Оттаму ги повикуваат Македонците да гледаат кон иднината, да чекорат напред и никогаш да не ги заборават неправдите направени кон нашиот народ во текот на овој трагичен период од нашата историја.

– Војната беше почеток на масовно етничко чистење на Македонците. Таа доведе до неправедна поделба на етничка и географска Македонија. Војната предизвика огромно страдање на Македонците и многу биле присилени на егзил во други области на Балканот и во светот.  ОМД се поклонува пред сите жртви на Првата балканска војна и ги повикува сите Македонци да продолжат со борбата за човекови права на сите Македонци во светот, особено на Македонците во Албанија, Бугарија, Грција, Косово и Србија, за еднакви граѓански и човекови права, се вели во соопштението од Обединетата македонска дијаспора.

Претседателот на ОМД, Методија Колоски смета дека е време да се стави крај на, како што истакнува, двојните стандарди својствени за многу историски настани и да се  едуцира јавноста за она што навистина се случуваше во Македонија и за вистината на Македонците за време на балканските војни и по завршувањето и потпишувањето на Букурешкиот Договор во 1913 година.

Би можело да ве интересира

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

A1on

Успешните од дијаспората да напишат мотивациско писмо зошто сакаат брза лента на аеродромите – Османи повторно дели МКарта

A1on

Македонската дијаспора од ЕУ во 2021 година во Македонија испратила 325 милиони евра

Горан Наумовски