ОМД бара решавање на разликите само преку политички дијалог

Од:

Обединетата македонска дијаспора е загрижена за последните случувања во Собранието на Република Македонија за време на гласањето на Буџетот за 2013 година, вклучувајќи ги и насилните конфронтации внатре и надвор од зградата на Парламентот. Ги повикува сите политички партии и граѓаните на Македонија да останат смирени и заедно да работат на решавање на нивните разлики.

– Со цел да се создадат услови за враќање на сите партии на преговарачката маса, на Македонија и треба државништво од страна на сите избрани политичари, изјави претседателот на ОМД Методија. Колоски.

Според ОМД, таквите инциденти се штетни за имиџот на Македонија во очите на меѓународната заедница и го доведуваат во прашање напредокот што државата го има постигнато во евро-атланските интеграции, што, посочува ОМД, е државна цел која сите поголеми партии јавно тврдат дека ја поддржуваат.

ОМД укажува дека од осамостојувањето во 1991 година, Македонија ги има имплементирано поголемиот дел на реформите потребни за влез во НАТО и ЕУ. – Иако остануваат уште многу предизвици, Македонија денес нуди стабилна економска основа, а служи и како извозник на безбедност преку клучните придонеси во регионалните и меѓународните мисии на НАТО. Ние ги охрабруваме лидерите во Македонија да продолжат по патот на демократски реформи и економскиот развој, и на тој начин да се обезбеди продолжение на овие минати успеси на Македонија, посочуваат од Обединетата македонска дијаспора.

Би можело да ве интересира

ОМД бара Ескобар да се заложи за правата на Македонците во Бугарија

Конгресменката Слоткин се приклучи на групата за пријателство со С. Македонија во Конгресот

Ана Ололовска

Македонската дијаспора ѝ пиша писмо на Урсула вон дер Лајен: Отворете ги преговорите со Македонија

Жарко Настоски

ОМД бара од Бајден нов американски фокус за економски развој на Балканот и Македонија

Жарко Настоски

Обединета македонска дијаспора: Барањата на Бугарија се непристојни и неконструктивни

Жарко Настоски

ОМД е длабоко разочарана од одлуката за претворување на цариградската Света Софија во џамија

Ана Ололовска