ОМД: 32 конгресмени со писмено барање до Тилерсон да ја посети Македонија

Од:

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) изразува задоволство што Конгресната група на пријатели на Македонија и на македонската дијаспора во САД, меѓу кои и конгресмените Дејвид Трот, Брендан Бојл, Стив Стиверс и Деби Дингел испратија писмо до државниот секретар на САД Рекс Тилерсон да ја посети Македонија.

– Заедницата на македонската дијаспора во САД е неизмерно благодарна за поддршката од страна на Конгресната група на пријатели на Македонија. Македонија е важен сојузник за САД и исклучително сме задоволни што гледаме двопартиска поддршка, изјави претседателот на ОМД, Методија А. Колоски.

Нашата заедница, додаде, продолжува да се надева дека државниот секретар Тилерсон сериозно ќе го разгледа барањето на горенаведените членови на Конгресот и ќе ја посети Македонија во блиска иднина.

– Ваквиот чин е од големо значање за македонскиот народ. Оваа посета би овозможила подобрување на сликата на САД во Македонија, но и би додал дополнителен мотив за понатамошната интеграција на Македонија во НАТО алијансата, потенцира Колоски.

Писмото до државниот секретар Тилерсон собра 32 потписи од членови на Конгресот од 16 различни сојузни држави во САД, односно од 4 члена на Комисијата за воени услуги и од 9 члена на Комисијата за надворешни работи при Претставничкиот дом. Како потписници се најдоа и претседавачот и членови на поткомисијата за Европа, односно вкупно 14 републиканци и 18 демократи. Ваквиот двопартиски карактер на писмото ја потврди униформната важност да се одржи врската помеѓу САД и Македонија.

Посетата на државниот секретар Тилерсон, велат од ОМД, би била прва посета на Македонија од страна на државниот секретар на САД по последната посета на државниот секретарот Колин Паул во 2003 година.

ОМД изразува оптимизам дека ова е вистински момент да се реафирмира силата и одржливоста на односите помеѓу САД и Република Македонија.

Би можело да ве интересира

ОМД бара Ескобар да се заложи за правата на Македонците во Бугарија

Конгресменката Слоткин се приклучи на групата за пријателство со С. Македонија во Конгресот

Ана Ололовска

Македонската дијаспора ѝ пиша писмо на Урсула вон дер Лајен: Отворете ги преговорите со Македонија

Жарко Настоски

ОМД бара од Бајден нов американски фокус за економски развој на Балканот и Македонија

Жарко Настоски

Обединета македонска дијаспора: Барањата на Бугарија се непристојни и неконструктивни

Жарко Настоски

ОМД е длабоко разочарана од одлуката за претворување на цариградската Света Софија во џамија

Ана Ололовска