Омбудсманот ќе ги преземе сите мерки за заштита на правата на граѓаните пред ЕВН

Од:

Народниот правобранител во денешното соопштение до медиумите наведува дека во континуитет го следи обезбедувањето, почитување и заштита на правата на граѓаните како потрошувачи, односно корисници на услуги вклучително и пред ЕВН Македонија АД, и во тој контекст по најавата на Владата за отпис на заостанатите долгови и по основ на електрична енергија, со цел согледување на состојбата, отвори предмет по сопствена иницијатива, при што од овој орган побара детални информации во врска со оваа најава.

-Имајќи го предвид се поголемиот број на поплаки од граѓани кои не можат да ги исполнат обврските кон ЕВН, Народниот правобранител бара од раководството на ЕВН, до завршување на овој процес, да не им ја прекинува испораката на електрична енергија на домаќинствата, да не презема дејства за присилна наплата и да не ги принудува да склучуваат спогодби за нивно плаќање на рати, стои во соопштението.

Според Народниот правобранител, ЕВН со цел заштита на граѓаните – потрошувачи прво треба да утврди која категорија граѓани ќе биде опфатена со овој процес, временскиот период за кој би се однесувал отписот на долговите, и дали во отписот ќе бидат вклучени каматите, трошоците на постапките, како и јавното осветлување.

-Раководството на ЕВН треба да го има предвид фактот дека голем број од предметите седеле во судовите и не биле процесуирани, а поради ваквите недоследности штетата е исклучиво за граѓаните чии долгови низ годините повеќекратно им се зголемиле, се наведува во соопштението.

Народниот правобранител, како орган кој ги промовира и штити уставните и законските права на граѓаните, во рамките на надлежностите утврдени со Уставот и Законот за народниот правобранител ќе ја следи состојбата и реализацијата на оваа најава, и ќе ги преземе сите мерки за заштита на правата на граѓаните пред ЕВН.

Би можело да ве интересира

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Народен правобранител: Пријавете повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

ЕВН ќе ги снабдува граѓаните со струја и во следните пет години

Орце Костов

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Владата бара решение за оние кои платиле за нови возачки и сообраќајни

А1он

Денеска електронска аукција за избор на нов универзален снабдувач со струја

А1он