Обединети за Македонија ги повикува сите граѓани, членови на политички партии, активисти да се приклучат на протестот во сабота, во 12 часот пред Министерството за Правда на протест за ослободување на Љубе Бошкоски.
„Стоп за тортурата, слобода за Љубе Бошкоски, веднаш. Сабота 02.04.2016 во 12 часот пред Министерство за Правда, стои во повикот за протест.
Ги повикуваме сите граѓани, членови на политички партии, активисти да се приклучат на протестот на Обединети за Македонија. Протестот ќе биде со возила кои во 10 минути до 12 часот од Јужниот Булевар (зад рамстор) ке тргнат кон министерството за Правда.Сите оние кои се без возила ги очекуваме да ни се придружат пред министерството во 12 часот.
Последен повик до директорот на затворот Живко Пејковски да не биде соучесник во туртурата врз Љубе Бошкоски“, се вели во соопштението на ОМ.