ОМ: Сите сме македонски народ

Од:

Македонски народ е целиот народ на Македонија. Сите сме македонски народ, нема никаква потреба да се делиме по етнос или самочувство, бидејќи во минатото секој се чувствувал Македонец, дел од Македонскиот народ, без разлика на кој етнос или неговото етничко самочувство, велат од Обединети за Македонија.

Од партијата велат дека според последните неофицијални информации, дел од Преамбулата во Уставот ќе биде „граѓаните на Македонија, македонскиот народ и дел од албанскиот народ, дел од турскиот народ, дел од влашкиот народ…“, а амандманот 36 или членот 49 каде што во самиот предлог стоеше „за дијаспората на македонскиот народ“ да е сменето со „дијаспората на македонскиот народ и другите заедици коишто живеат во Македонија“.

„Во овие историски денови на нашата Македонија, гледајќи ги предлозите за измени на Уставот, Обединети за Македонија не може, но и не смее да не даде еден најбезбеден предлог за сите граѓани на нашата земја кои искрено ја сакаат и почитуваат. Ако ги набројуваме сите етноси по оваа логика, да има барем еден од друг етнос, ќе се чувствува подолу од другите, макар и да е кажано „и дел од другите народи““, велат од ОМ.

Од таму велат дека најдобро решение е ВМРО како организација, не како партија, со сите свои претходни имиња да се внесе во Преамбулата на Уставот

„Ако основата на нашата држава е револуционерната борба на нашите предци, Обединети за Македонија, како центар- десно партија која ја почитува традицијата, учи од минатото и се бори во иднина да не се повторат грешките од него, предлагаме ВМРО како организација, не како партија, со сите свои претходни имиња да се внесе во Преамбулата на Уставот и да се земе пример за каква Македонија сонувале нашите предци“, велат од ОМ.

Од таму додаваат дека образложението за овој предлог е во членот 1 во Уставот на ТМОРО кој гласи: Тајната Македоно – Одринска Револуционерна Организација има за цел да ги сплоти во едно цело сите незадоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народноста, извојување преку револуција полна политичка автономија за тие две области, и во членот 4 кој гласи: Член на ТМОРО може да биде секој Македонец и Одринец, кој не е компромитиран со ништо нечесно и бескарактерно пред општеството и кој ветува и се задолжува да биде корисен на револуционерното ослободително дело.

„Според гласнините, пописот во 2020 ќе биде без графа на етнос. Тогаш, ако одиме попис без етнос, не гледаме потреба од промена на вакви делови од Уставот и ставање на поголем товар на нашата држава. Ајде конечно да ги тргнеме канџите на југословенизмот и застарениот модел на поделби, дајте сите сложно да сме тоа што сме – македонски народ“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ОМ: Министерство за политички систем и етнички национализам

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Ова е вековен сон на целиот македонски народ

Катерина Ѓуровски

ОМ: Народот не ве плаќа за циркус, однесувајте се цивилизирано во Собранието

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Една држава – едни униформи

Ана Ололовска

ОММ стана придружен член на Европските млади конзервативци

Ана Ололовска

ОМ против најавената промена на називот на улицата „Борис Сарафов“ во „4 Јули“

Ана Ололовска