Деновиве големо внимание Македонија, владините медиуми и портали посветија на летните одмори и нејзините политичари, дури тоа е толку актуелна вест и тема, која недела дена е актуелна не само кај нас и надвор од Република Македонија, велат од Обединети за Македонија.
ОМ предлага да сите политичари напишат состав со наслов: Како го поминав годишниот одмор, посебно тие што го поминале со родителите.
Додека Македонија тоне во енромни финансиски долгови, додека Македонија се одалечува се повеќе од Европското семејство и НАТО, додека младите секојдневно се на аеродромите со карти во еден правец, додека владата се задолжува миљарди евра кредити, пари што ќе ги враќа народот актуелна тема владините медиуми и портали се летните одмори.
По повод годишните одмори ОМ ги прашуваат владините медиуми и портали :
Дали знаете каде летуваат хероите на татковинската војна и нивните семејства?
Дали знаете каде летува единствениот политички затвореник во Европа и лидер на ОМ со неговото семејство?
Дали знаете каде летуваат социјалните семејства со своите деца?
Дали знаете каде летуваат младите – 300 000 невработени млади лица?
ОМ ве повикува да престанете со вашиот политички инфантилизам и фриволност и да се фокусириате на реалните проблеми доколку вашиот капацитет го достигнува тоа.