ОМ: Одлуката на Врховен е потврда за диригираното судство

Од:

Обединети за Македонија реагираат за петгодишната казна за Љубе Бошкоски, која ја потврди  Врховниот суд, со што велат дека тој е дел од диригираното судство, но и дека се сигурни во одлуката на судот во Стразбур, кој ќе увиди дека се работи за политички монтиран процес.

Следува интегрално реакцијата од Обединети за Македонија.

Конечно по цела година решавање и измачување со „НАЈСЛОЖЕНИОТ“ предмет со само еден сведок, Врховниот суд изнајде сили и капацитет да одлучи!

Обединети за Македонија се крајно разочарани, но не и изненадени од одлуката на Врховниот суд. Тој практично ја потврди петгодишната казна на претседателот на нашата партија Љубе Бошкоски. Се покажа дека политиката на диригирано судство воспоставена во првостепеното одлучување се следи во инстанционите постапки се до највисоката судска институција Врховниот суд на РМ.

Со ова се продолжува и потврдува практиката во Македонското судство со која граганите на РМ наместо тристепена имаат четири степена инстанциона постапка.Три од нив се пред судовите во Македонија,а последната која е единствено правична и фер пред Мегународниот суд за човекови права во Стразбур.

Не постои дилема за одлуката која овој суд ке донесе за случајот Кампања.За тоа веке се изјасниа сите релавантни мегународни организации за заштита на човековите права,Стејт департментот и др.Случајот Кампања за сите нив е политички монтиран процес.

Би можело да ве интересира

ОМ: Министерство за политички систем и етнички национализам

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Ова е вековен сон на целиот македонски народ

Катерина Ѓуровски

ОМ: Народот не ве плаќа за циркус, однесувајте се цивилизирано во Собранието

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Една држава – едни униформи

Ана Ололовска

ОММ стана придружен член на Европските млади конзервативци

Ана Ололовска

ОМ против најавената промена на називот на улицата „Борис Сарафов“ во „4 Јули“

Ана Ололовска