ОМ: Одговорност за вандалите кои ја уништија спомен-плочата на Тома Давидов

Од:

На 15-ти март група граѓани од Охрид поставија спомен-плоча близу Оздолени, Охридско во чест на големиот војвода на ВМРО – Тома Давидов.

dobivaj vesti na viber

За жал, плочата траеше само две недели. Таа беше уништена од вандали, велат од Обединети за Македонија.

„Уништувањето на плочата на војводата Тома Давидов е чин на вандализам и непочитување на сопствената историја. Обединети за Македонија не може, а да не реагира на вакво ништење на нашата историја“, соопштуваат од Обединети за Македонија.

Оттаму упатуваат апел до Министерството за внатрешни работи да го расчисти случајот и да ги пронајде уништувачите за да одговараат пред Законот.

Никој нема право да уништува нешто што е потсетник на нашата борба за ослободување, велат од Обединети за Македонија.

Би можело да ве интересира

Обединети за Македонија: Една држава – едни униформи

Ана Ололовска

ОММ стана придружен член на Европските млади конзервативци

Ана Ололовска

ОМ против најавената промена на називот на улицата „Борис Сарафов“ во „4 Јули“

Ана Ололовска

Онлајн состанок на ОМ со раководителот на ЕКР за Бугарија: Меѓусебното разбирање е основа на решавање на проблемите

Ана Ололовска

ОМ: Христијан Мицкоски продолжува со лицемерно однесување

Ана Ололовска

Бошкоски го повикува Мицкоски на дебата

Ана Ололовска