Обединети за Македонија е изненадена од однесувањето на пратениците во македонското Собрание.
„Пцовките и навредите со недолични зборови и етикети поврзани со најголемите зла во Европа, светот и човештвото (нацизмот и комунизмот) се недолични и оставаат лош впечаток за нас како една држава која е позиционирана во срцето на Европа“, велат од ОМ.
„Недозволиво е недолично однесување кон гости од Европската Унија, како Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Наместо навреди, очекуваме ставови поткрепени со факти. Ваквото однесување може само да наштети на Македонија.
Наместо навреди, апелираме на конструктивост и култура. Не заборавајте дека вашата плата ја добивате од народот“, се вели во соопштението на ОМ.