„Обединети за Македонија на сите верници од муслиманската вероисповед им го честита големиот празник Курбан Бајрам, кога тие ја изразуваат својата почит кон вољата на Ибрахим да го жртвува својот син, како чин на почит и љубов кон бога. Празник кој зборува многу за муслиманската вера.
Ден кога верниците посветуваат големо внимание на најблиските, сиромашните и изнемоштените, подарувајќи храна и грижа.
Обединети за Македонија најискрено посакува ваквата традиција да продолжи и понатаму, во заедништво и просперитет, заради нашата заедничка држава Република Македонија“, се вели во честитката на Обединети за Македонија.