OM: Љубе во затвор, криминалците на слобода, за трите милиони евра никој не одговара

Од:

„Хрватска вчера покажа како се постапува со хероите. Македонија, односно премиерот Груевски не можеше да се соочи со тоа некој друг да има популарност, а да не е негов послушник“, порачаа од Обединети за Македонија.

„Затоа, херојот од 2001, прво со помош на медиумска хајка го прогласи за кодош и предавник, а сите што тоа го монтираа денеска ги штити и веќе три години не доаѓаат во судот да докажат како Љубе Бошкоски предал или накодошил некого“ реагираат од Обединети за Македонија.

ОМ обвинува дека Бошковски од политички причини се држи во затвор, а неговата најголема вина е што јавно говорел за криминалот и корупцијата на оваа влада.

„Дополнително Бошкоски треба да се прогласи и за убиец или нарачател на убиство, додека тие што убиваа се најдобрите пријатели на премиерот, истите за кои даде амин на пратеничката група од партијата чиј претседател е токму тој, да гласа за нивна амнестија“, велат од ОМ.

Од партијата на Бошкоски прашуваат зошто е тој во затвор, а други за кои има докажани криминали се шетаат на слобода?

Од партијата јавно го прашуваат премиерот Никола Груевски, како е можно да биде судска одлука „наместениот“ случај за 100.000 евра на Љубе Бошкоски, кога неговата партија ВМРО-ДПМНЕ суште не знае и нема дадено отчет од каде и се потрошените 3 милиони евра за избори?

Би можело да ве интересира

ОМ: Министерство за политички систем и етнички национализам

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Ова е вековен сон на целиот македонски народ

Катерина Ѓуровски

ОМ: Народот не ве плаќа за циркус, однесувајте се цивилизирано во Собранието

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Една држава – едни униформи

Ана Ололовска

ОММ стана придружен член на Европските млади конзервативци

Ана Ололовска

ОМ против најавената промена на називот на улицата „Борис Сарафов“ во „4 Јули“

Ана Ололовска