ОМ: Лажните ветувања на ДПМНЕ и Милошоски

Од:

„Обединети за Македонија вчерашната изјава на Милошоски ја оценува како уште еден неуспешен обид за манипулирање со македонските граѓани и уште една потврда за стравот кој владее во редовите на ДПМНЕ и владата во заминување.

Кога немаат повеќе никаков аргумент тие излегуваат со највештите манипуланти пред тв камерите за да појаснуваат “како се грее топлата вода”.

Најмалку овој кичевчанец може да зворува за другите и да критикува, кога неговата партија направи пустош не само во Кичево, туку и во целава држава. Токму овој човек го водеше Проектот за истиот град. Нивната програма навистина направи разлики, и тоа црни и криминални.

(Заради технички пропуст – Следува корегираниот дел:)
Проектот Кичево на кичевчани го водеше Антонио Милошоски во 2013 обезбедија 104 претставници албанци на изборни места во општина Кичево, меѓу кои ниеден Македонец во 2013 на локалните избори

Ветуваа проекти и успеси, но од нивните импровизации се направи пустош и во градот и државата, и масовно го поттикнаа иселувањето на младите.

Но, еве уште еден доказ за нивните импровизирања. Веќе втор месец три основни школи во Кичево немаат струја – “Кузман Ј. Питу”, “Санде Штерјоски” и “Владимир Полешиноски”.
Во термо електраната вработија цели 500 партиски војници, кадар што е далеку од потребен, но, системски поставен да поединци електраната ја претворија во пералница за пари.
Ете заради таквата преродба кичевчани се огорчени, и затоа Премиерот во заминување три пати беше “исфрлен” од Кичево. Ете затоа, наместо него Милошоски се јавува со импровизации
Обединети за Македонија во целост ја поддржува Програмата на СДСМ, како единствено реална и остварлива, зошто само така Македонија има визија.

Од објавувањето на бомбите па се до денес, целосно се смени сликата за ДПМНЕ, поточно за врхушката и семејството на власт.

Ниту еден дипломатски пасош нема да ги спаси во предстојниот период.
Клопчето полека, но, сигурно почнува да се одмотува.

Цехот ќе треба да се плати“, се вели во реакцијата на ОМ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски