ОМ: Крајно сме револтирани од начинот на ваквото владеење на диктаторот Груевски

Од:

„Вчерашните настани во државата се крајно недемократски чекори од страна на владеачката гарнитура во Република Македонија, со тоа што власта ги применува мерките на тоталитаризмот врз не истомислениците, ги крши основните постулати на демократијата. Бруталното отсранувањето на медиумите од Законодавниот дом со примена на сила од полициските структури на Јанкуловска говори за стравот кој постои кај власта од реалната слика која новинарите ја пренесуваат во државата со бркањето на опозициските пратеници кои достоинствено се бореа во името на демократија и интересите на граѓаните во парламентот за на крај да биде применета мерка врз нив на насилно исфрлување со предизвикани повреди“, стои во соопштението од Обединети за Македонија.

Обединети за Македонија, се крајно револтирани од начинот на ваквото владеење на диктаторот Груевски кој на ваков начин се обидува со своите последни чекори да владее, ова е , единствена партизирана држава на Балканот во 21 век, која наликува на политиката на Белорусија и Лушченко и парламентот на Украина. Груевски ја посакува анархијата, само на таков начин може да валадее а, да ја обвинува опозицијата. Политичките партии се на удар од оваа власт, па може да ни се случи и ново сценарио врз опозициските лидери со некој монтиран политички процес. Низ историјата на политиката многу владетели се обидувале на ваков начин да опстојат.Крајот на погубната политика ќе се случи како Гадафи, со владетелот во Македонија.

Обединети за Македонија, со сета своја енергија ќе го брани стожерот на демократијата заедно со својот народ.

Би можело да ве интересира

Албанските опозициски партии ќе потпишат Декларацијата за обединување

А1он

Џафери за разрешувањето на Меџити и Алиу: Законски не може да има два опозициски субјекта во Владата

Орце Костов

Ковачевски: Мицкоски станува сабајле и вика јас сега ќе блокирам, тоа е стратегија на опозицијата

А1он

Пратениците од српската опозиција: Бараме предвремени избори

Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за гласањето за уставните измени

Горан Наумовски

Ковачевски: Уставните измени ќе се носат преку јавни дискусии со вклучување на сите засегнати страни

Горан Наумовски