ОМ: Јанкуловска ненадлежна, Груевски, како и секогаш избега

Од:

После низа етнички провокации предводени од ДУИ а во мртва тишина од челниците на ВМРО-ДПМНЕ провокацијата пристигна и во Кичево. Имено денес Кичево се разбуди обвеано со орли, а со тоа се скрши духот на револуционерно Кичево. Вака реагираат од Обединети за Македонија, по молкот на власта за знамињата кои се појавија насекаде.

„Експертите како “екс министерот Антонио Милошoски” наш сограѓанин ја откри причината за албанскиот експанизам тоа била несогласноста на Mакедонците. Министерот за внатрешни работи Гордана Јанкулоска исто наша сограѓанка се прогласи за ненадлежна, односно МВР реагирала доколку некој од граѓаните побарал помош. Kакво лицемерно толкување на законот и уставот за правата и одговорноста за министерот за внатрешни работи и МВР. Премиерот Груески ја напушта Македонија како и секогаш кога се нарушуваат кревките меѓуетнички односи“, пишуваат од ОМ.

Според партијата поинаква е причината за реалноста од владеењето на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

„Засилено се копкара низ центарот на Кичево се подготвува сечење на лента и доаѓање на Никола Груески истиот кој Кичево го памети само со лажни ветувања. Отворање на индустриски зони кои останаа празни, никакви вработувања, освен нормално познато за јавноста во буџетските институции. Но најголемата манипулација Груески на кичевчани ја направи со добро познатите протести кога цврсто гарантираше дека со негово доаѓање на власт за шест месеци ќе биде исправена неправдата со законот за територијална поделба и Кичево ќе биде вратено во своите граници. Овој пат сигурно излажаните граѓани на Кичево од вас како преседател на Влада и партија нема да ве заборават, и сигурно си непожелен во Кичево за вашите манипулации и лаги што ги нанесовте на граѓаните на ова патриотско и мирно, многу етничко гратче. Да, Обединети за Македонија сака разговор, сака договор но за жал тендерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се посилни од патриотизмот на кичевчани“, се вели во соопштенито од Обединети за Македонија.

Би можело да ве интересира

ОМ: Министерство за политички систем и етнички национализам

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Ова е вековен сон на целиот македонски народ

Катерина Ѓуровски

ОМ: Народот не ве плаќа за циркус, однесувајте се цивилизирано во Собранието

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Една држава – едни униформи

Ана Ололовска

ОММ стана придружен член на Европските млади конзервативци

Ана Ололовска

ОМ против најавената промена на називот на улицата „Борис Сарафов“ во „4 Јули“

Ана Ололовска